Почетна МакедонијаПроданоски со верниците на одбележувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Проданоски со верниците на одбележувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

од nenad
0 минути читај за

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден.

Заедно со бројни сограѓани, Проданоски го одбележа празникот, упатувајќи честитки и желби за здравје, мир и благослов во секој дом. Тој истакна дека ваквите празници се важни за зачувување на духовните вредности, традицијата и заедништвото меѓу луѓето.

„Нека празникот Св. Атанасиј донесе здравје, мир и благослов во секое семејство. За многу години Атанасовден“, порача градоначалникот Проданоски.

Post Views: 17