64
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА вели дека со контрапожарот не се загрозени куќите во селото Трипатнци. Посочува дека станува збор за голем пожар, а гори сува трева и високостеблеста шума. Посочува дека пожарот на територија на Пробиштип е пристигнат од соседната Општина Чешиново-Облешево во раните утрински часови.
Десет припадници на ТППЕ Пробиштип и неколку доброволци со три возила применувајќи контра пожар го спасија атарот на село Трипатанци и Бунеш, штотуку информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Директорот на ЦУК, Ангелов информира дека во повисоките делови каде има густа вегетација и шума и нема услови за гаснење од земја се гаси од воздух со два полициски хеликоптера и еден ер трактор на ДЗС, а вода полнат од браната Кнежево.