Почетна ЕкономијаПристапот до правда станува достапен и за жителите на Могила

Пристапот до правда станува достапен и за жителите на Могила

од nenad
1 минути читај за

Со потпишување на меморандумот за соработка меѓу министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски на жителите од оваа општина ќе им се олесни пристапот до правдата и тие повеќе нема да патуваат до Битола за да се информираат за услугите и правните совети што може да ги добијат од вработените во подрачното одделение на Министерството за правда.

– Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.

Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.

На овој начин  покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани, се вели во денешното соопштение од Министерството за правда.

Оттаму информираат дека во текот на годинава драстично е зголемен бројот на барања за примарна и секундарна правна помош што значи, како што велат, дека кампањата дава резултати и можност за поголема информираност.

. бак/Фото: Министерство за правда .

Извор: МИА