Почетна МакедонијаПрипремете се, жители на Прилеп и Битола, за патарина во Тополчани.

Припремете се, жители на Прилеп и Битола, за патарина во Тополчани.

од nenad
2 минути читај за

По потпишувањето на договорот со стратешкиот партнер, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек ќе биде 12 милиони евра по километар.

– Исполнет е Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер, а експропријацијата уште не почна бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. “Бехтел и Енка” ќе проектираат и ќе градат, рече Рустеми.

Цените се поткрепени со физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон, и посочи дека договорот со изведувачот е изготвен во согласност со принципот на ФИДИК договорите, а принципот на измерени количини подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се осигури целосна транспарентност на работите и потрошувачките средства, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За да се забрза изградбата на коридорите, принципот на “проектирање и изградба” ќе биде применет, што подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради. Изградбата треба да биде завршена до 2027 година, а динамичкиот план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа – Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола.

Проектот е финансиран од Буџетот на државата, а за реализацијата се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра од буџетот на Министерството за транспорт и врски за оваа година. Планира се буџетот да издвојува средства за проектот секоја година.

За проектот, „Бехтел и Енка“ беа номинирани за стратешки партнери од државата. ИРД инжинеринг ќе го врши надзорот, кој со консултантската компанија Гранд Тортон ги водеше преговорите со конзорциумот во име на владата минатиот месец.

Извор: markukule.mk