Според народните обичаи, сите долгови треба да се подмират пред новогодишните празници. Исто така, за да привлечете богатство, за време на дочекот треба да чувате неколку метални парички во џебот.
Не влегувајте во Новата година со неплатени сметки и неплатени долгови, бидејќи се верува дека секогаш ќе кубурите со пари. Затоа постои обичај поврзан со пари и привлекување богатство, да ставите паричка или неколку парички во џебот, како и паричникот да не ви биде празен.
Со тоа ќе се привлечете богата година.
Првиот гостин во вашата куќа треба да биде весела, здрава и добронамерна личност, а вие треба да почнете некоја мала работа веднаш наутро на 1 јануари. Домаќинките уште од античко време се грижеле нивното ѓубре и валканите алишта од старата година да не ја дочекаат новата година, како и садовите на празничната трпеза да не останат до утрото.
На полноќ, се честита со три бакнежи, во знак на внимание, но и на напор за одржување блиски односи во годината што доаѓа.
Поврзани објави
И другите народи имаат различни необични новогодишни обичаи и верувања.
Така, на пример, Данците имаат обичај да скокаат од столчињата на полноќ, а Австријците со празничната вечера имаат десерт – сладолед од нане, во облик на детелина со четири листа.
Новата година, за потсетување, прво пристигнува на Лајнските Острови во Тихиот Океан, 13 часа порано од овде.
Фото: Pexels/Jonathan Borba