Table of Contents
По долгогодишната кариера и многуте успешно решени случаи, Али Марш вели дека ова се најчестите сигнали дека саканата личност ве изневерува
Али Марш е приватна детективка која има разоткриено бројни неверства на сопружници. Неодамна проговорила за својата кариера и за начините на кои можете да воочите дека вашиот партнер има афера.
„Еден од моите најпрви случаи беше маж кој забележал дека жена му почнала да се однесува ладно кон него“, открила таа и додала дека секоја среда излегувала вечерта и се враќала дома многу посреќна, па се посомневал дека го изневерувала.
Но таа брзо забележала дека нивниот сосед излегува и се враќа во истото време како и сопругата на нејзиниот клиент, па ги следела и открила дека имаат афера.
Како што кажала, таа најчесто многу брзо ги открива неверствата, а најдолгото време што го потрошила на таква задача било три недели.
Неодамна ѝ помогнала на една жена да потврди дека сопругот имал афера, а ѝ открила и уште едно шокантно откритие за него.
„Излезе дека имал повеќе афери, но за време на истрагата открив и дека основал компанија во тајност, која дефинитивно спаѓаше во заедничкиот имот при поделбата за време на разводот.
Исто така, помагам и во пронаоѓање исчезнати луѓе и имам стапка на успешност од 98 отсто, поради што многу сум горда. Еднаш го пронајдов исчезнатиот татко на мало момче, а му помогнав и на татко од САД да ја пронајде својата ќерка.“
Како што навела, од свое искуство, ова се четирите најчести знаци на предупредување дека партнерот ве изневерува…
Поврзани објави
Промени во нивниот изглед и во гардеробата
Тоа може да биде знак дека запознале некој нов, бидејќи кога ќе се случи тоа, луѓето чувствуваат дека почнуваат нешто ново, па повеќе вложуваат во себе.
Промена на рутината
Ако вашиот партнер одненадеж останува до подоцна на работа, а тоа претходно не се случувало, или излегува навечер во деновите кога претходно седел дома со вас, тоа исто може да биде знак за неверство.
Одеднаш постојано вежбаат
Ако на почетокот од вашата врска поголемиот дел од времето го поминувале на кауч, а сега одеднаш редовно одат во фитнес-сала, можеби време е да проверите за каква фитнес-сала станува збор.
Излегуваат од собата кога зборуваат на телефон
Ова можеби е нешто очигледно, но сепак вреди да се спомене.