Почетна СветПретседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали. Претседателот Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува искреното пријателство и соработка што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. Двете земји на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа е членството во Европската Унија, соработката во областа на одбраната во рамките на НАТО Алијансата и продлабочување на регионалната соработка.

Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција затоа што тоа е многу важно не само за Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од Регионот, бидејќи заедничка е посветеноста за сеопфатен развој на Западен Балкан, како и активното учество во Берлинскиот процес, ПСЈИЕ, ЦЕИ и други регионални организации.

Претседателката Спиропали истакна дека Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици, имаат заедничко патување кон членство во Европската Унија и борба против корупцијата и организираниот криминал.

Двајцата соговорници се согласија дека во иднина мора да се продолжи со изградбата на патното, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII, а сѐ со цел поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал. Eдинствениот пат кон побрзо економско унапредување на Регионот е регионално поврзување и интегрирање во него.  Исто така на средбата тие ја истакнаа потребата од иницирање договор за добрососедство меѓу двете земји како основа во иднина да се зајакнува пријателството и соработката.

 

Извор : vesnik-ilinden.com

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали