Почетна СветПретседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај во рамките на Федералната унија на европските националности, конгресот учествуваше на состанок на работната група на словенски малцинства

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај во рамките на Федералната унија на европските националности, конгресот учествуваше на состанок на работната група на словенски малцинства

од nenad
1 минути читај за

Фото: Македонски весник “Илинден“

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржува во Хелсинки, Финска, денеска учествуваше на работен состанок на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН.

„Во името на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, имав презентација за Македонците во Република Албанија“, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден“.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер

Фото: Македонски весник “Илинден“

Фото: Македонски весник “Илинден“

Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер се заблагодари за успешното организирање на семинарот во Тирана од страна на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Семинарот во Тирана беше еден од најбројните и претставуваше значајна промоција на македонското национално малцинство. Токму семинарот и активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана беа во фокусот на денешниот состанок, кој традиционално се организира во рамките на секој конгрес на ФУЕН.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенски малцинства.

Во Работната група на словенски малцинства од Европа членуваат 32 организации, кои се рамноправни членки на ФУЕН.


Post Views: 44

Извор : vesnik-ilinden.com

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај во рамките на Федералната унија на европските националности, конгресот учествуваше на состанок на работната група на словенски малцинства