Почетна ЕкономијаПретседателот на Еквадор побара странски воени бази за борба против наркомафијата

Претседателот на Еквадор побара странски воени бази за борба против наркомафијата

од nenad
1 минути читај за

Еквадорскиот претседател, Даниел Нобоа, за време на телевизиска дебата во текот на неговата кампања за вториот круг од претседателските избори, апелираше за стационирање на меѓународни воени бази во Еквадор со цел да се пресмета со нарко-дилерите.

На изборите закажани за 13 април, граѓаните ќе одлучат дали Нобоа или неговата противкандидатка од левицата, Луиза Гонзалес, ќе ја преземе претседателската функција.

“Што треба да направиме? Да имаме база овде како онаа во Манта, базата што самите ја укинавте, за да може да се контролира трговијата со дрога”, изјави претседателот, кој ја предводи државата од ноември 2023 година.

За да се реализира стационирање на странска воена база, Нобоа ќе мора да изврши измени во Уставот.

И покрај ова, претседателот потенцираше дека на Еквадор му е потребна асистенција од “САД, Канада, Италија, Франција, а не Венецуела или Иран” во борбата против шверцот со дрога.

Сегашниот претседател, 47-годишен правник, триумфираше во првиот круг, но освои само 16.746 гласови повеќе од неговата левичарска конкурентка.
мс/фото: ЕПА
Извор: МИА