82
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова присуствуваше на приемот што го приреди амбасадорката Анџела П. Агелер, во чест на заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар.
Претседателка Зајкова во разговор со Ескобар, истакна дека како партија посветени сме на развивање на европските вредности и градење на добри меѓународни односи кои ќе и помогнат на нашата нација да напредува кон оваа цел.
Членството во ЕУ не е само политичка пресвртница, туку чекор кон поголеми економски, социјални и културни можности за секој граѓанин на земјава.