Почетна ЕкономијаПремиерот на Велика Британија во трговска посета на Индија

Премиерот на Велика Британија во трговска посета на Индија

од nenad
1 минути читај за

Британскиот премиер, Кир Стармер, денес ги приветуваше шансите што ги нуди новопотпишаниот договор за слободна размена помеѓу неговата држава и Индија, на првиот ден од неговата посета на најбројната земја во светот.

Стармер пристигна рано утринава во Мумбај, вториот најголем град во Индија, предводејќи делегација од високи функционери, вклучувајќи го и главниот извршен директор на „Бритиш ервејс“, Шон Дојл.

„Индија мора да стане трета најголема економија во светот до 2028 година. Трговијата со Индија се забрзува и станува поевтина, па затоа можностите се одлични“, рече Стармер пред да замине.

Индискиот премиер, Нарендра Моди, кој ќе се сретне со Стармер утре, искажа надеж дека посетата ќе ја зајакне нивната „заедничка визија за посилна и меѓусебно попросперитетна иднина“.

Трговската размена меѓу Велика Британија и Индија, која беше дел од нејзината колонијална империја, изнесува приближно 54,8 милијарди долари (47 милијарди евра) годишно.

Во екот на царинската војна предизвикана од американскиот претседател Доналд Трамп, двете земји склучија спогодба за слободна трговија во јули.

Резултатот од долгите преговори беше редукција на даноците за британскиот увоз на виски, козметика и медицинска опрема, во замена за пониски тарифи за индискиот увоз на текстил, обувки и прехранбени производи.

Британскиот премиер, исто така, ја отфрли можноста за отворање на работните визи што Лондон им ги издаде на индиските граѓани, и покрај континуираните барања од производителите. мс/фото: ЕПА. Извор: МИА