Почетна ЕкономијаПремиерот на Австралија во Кина за поцврсти трговски врски

Премиерот на Австралија во Кина за поцврсти трговски врски

од nenad
1 минути читај за

Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, вчера го започна своето патување во Кина со цел да ги зацврсти неодамна стабилизираните трговски врски, и покрај постоечките билатерални несогласувања.

Во текот на изминатите десет години, Канбера и Пекинг имаа бројни спорови, кои се движеа од националната безбедност до различните интереси во поширокиот пацифички регион.

Сепак, околностите се подобрија во декември кога Кина ја тргна забраната за увоз на австралиски јастог, со што се стави крај на трговската војна што започна во 2017 година, кога билатералните односи беа на најниско ниво.

Албанезе, заедно со делегација од деловни лидери кои ќе учествуваат на тркалезна маса во Пекинг, изрази задоволство од „многу топлиот пречек“ во кратка изјава за новинарите веднаш по слетувањето во Шангај.

За време на неговиот престој, кој ќе трае до петок, Албанезе, кој е во втора официјална посета на Кина како премиер, ќе ги посети Пекинг и Ченгду.

„Со кинеските власти, вклучувајќи го и претседателот Си Џинпинг, ќе бидат разгледани сите прашања“, рече тој.

Пред да замине, австралискиот премиер им изјави на новинарите: „Соработуваме каде што можеме, не се согласуваме секаде, но способни сме да водиме искрени разговори за тие несогласувања“.

Кинеската дипломатија, од своја страна, истакна дека билатералните односи „продолжуваат да се подобруваат и развиваат“. јт/Фото: ЕПА . Извор: МИА