Почетна ЕкономијаПрекин во испораката на руска нафта за Унгарија по украински напад на нафтовод, вели Сијарто

Прекин во испораката на руска нафта за Унгарија по украински напад на нафтовод, вели Сијарто

од nenad
0 минути читај за

Преносот на руска нерафинирана нафта кон Унгарија е стопиран, откако Украина изврши напад врз трансформаторска станица на нафтоводот кој се протега кон Унгарија, објави денес министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесен од британските медиуми.

Сијарто преку својот Фејсбук профил извести дека имал разговор со рускиот заменик министер за енергетика, Павел Сорокин, кој го известил дека стручњаци работат на санација на трансформаторската станица, но не е прецизирано кога ќе продолжи протокот.

“Експерти работат на поправка на трансформаторската станица, но не е јасно кога ќе продолжи снабдувањето.”

сд/фото: МИА архива

Извор: МИА