72
УХМР известува дека ќе продолжи периодот на многу топло време. Од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Краткотрајно постабилно ќе биде во петок. Во овој период насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.