Почетна ТехнологијаПредложениот технички министер Тошковски: Невозможно е да се средат гужвите со пасошите и личните карти

Предложениот технички министер Тошковски: Невозможно е да се средат гужвите со пасошите и личните карти

од nenad
1 минути читај за




Панче Тошковски, предложен за технички министер за внатрешни работи од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кој од следната недела треба да ја превземе функцијата од Оливер Спасовски во 100-те дена пред парламентарните избори, на денешната конференција „Платформа за иднина“ рече дека е невозможно во неговиот период да се средат гужвите со обновувањето на личните карти и пасошите.
Тошковски на конференцијата на која учествуваа и преостанатите кандидати за технички министри и заменици-министри од ВМРО-ДПМНЕ рече дека управниот дел од работењето на МВР е на најниско можно ниво.

   

– Информациите кои ги имам лично за овој период за овој целокупен процес е тоа дека е тотално невозможно да се задоволат потребите на граѓаните во периодот кој што следи согласно сегашната законска регулатива, рече тој како одговор на очекувањата на граѓаните дека во наредниот период ќе може да се намалат гужвите пред шалтерите.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше присутен на конференцијата, го одбрани Тошковски дека е невозможно тој за 100 дена да ги среди гужвите, бидејќи во прашање се стотици илјади документи, односно дека до предвидениот рок од 12 февруари нема време тоа технички да се изведе. Мицкоски додаде дека нема ни доволен број на обрасци.

Тошковски рече дека спас за сегашната комплицирана ситуација било Уставниот суд да ја прифати поднесената иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, но и дека не очекува оваа судска истанца да се одважи и да ја прифати.
– Ќе предложам законски измени со кои ќе може да се продолжи рокот на важење на личните документи. Нечесно и надвор од памет е важечки исправи да не можат да биудат употребувани од граѓаните, додаде предложениот министер.