Почетна Балкан Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај – Курир

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај – Курир

од nenad
1 минути читај за
Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден (11.01.2024) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Скопје и Штип беа реализирани превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот.

Притоа полициските службеници од овие Сектори за внатрешни работи во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Кавадарци, Скопје и Пехчево, а во соработка со РСБСП, разговараа со граѓаните и возачите на теми од областа на сообраќајот кои што се исклучително важни за поединечната и општа безбедност во сообраќајот.

Така, во рамки на повеќето сообраќајно-превентивни кампањи: „Алкохол и волан – најлоша комбинација“, „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“, потоа „Не користи мобилен кога возиш“,„И јас и ти сме пешаци“, „Безбедноста на прво место“, како и „Паркирај совесно и одговорно“ беше апелирано до граѓаните, во интерес на минимизирање на ризиците, за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени едукативни летоци со информативни содржини од посочените области.

Извор : Kurir.mk

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING