Почетна Убавина и здравјеПрво ја завел пријателката на мајка му, а сега ОВА! – Убавина и здравје

Прво ја завел пријателката на мајка му, а сега ОВА! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Маркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан, бил виден како среде ресторан шмрка бел прав

Папараците го фотографирале 33-годишниот Маркус Џордан како среде ресторан, пред пријателите и девојка му, шмркал бел прав од сребрени плочки, а потоа широко се насмевнал додека опуштено си муабетел.

Не е познато која супстанција ја користел, но јасно е дека синот на легендарниот Мајкл Џордан користи дрога.

Маркус е кошаркар исто како и татко му, но помалку талентиран и повеќе познат поради неговиот татко отколку поради кошаркарските успеси. Вниманието на јавноста ѝ го привлече пред две години кога започна врска со Ларса Пипен, 50-годишната поранешна сопруга на Скоти Пипен, кој му беше соиграч и добар пријател на неговиот татко.


Поврзани објави

Интересен е фактот што Маркус ја запознал Ларса кога таа се омажила за Скоти. Тогаш Маркус имал 7 години, а семејството Џордан и семејството на Скоти Пипен интензивно се дружеле во тој период.

Мајкл Џордан јавно изјавил дека не ја поддржува врската на неговиот син Маркус и Ларса, но тие опстанале цели две години.

Кога раскинаа на почетокот од оваа година, Ларса изјави:

„Тој не е човекот за мене.“

Инаку, по Ларса, Маркус си нашол нова девојка, Ешли Стивенсон која неверојатно потсетува на неговата поранешна љубовница.