Прв за медиумите се огласи таткото на моментално најбараната регионална пејачка.
Александра Пријовиќ одржа концерт во Спенс, а нејзиниот татко Недељко Пријовиќ ја поддржа својата сакана и зборуваше за нејзините успеси за тамошните медиуми.
„Секако дека сум горд на неа, како и целиот Балкан. Не очекував толкав успех од неа, но еве се случи“, рече Недељко.
Откри што се случува во неговиот живот откако ќерка му постигна неверојатен успех:
„Кај мене нема ништо ново, ја следиме колку што можеме“.
Недељко потоа откри која песна на Александра му е омилена, а потоа призна и кој според него е најемотивниот момент што се случил на оваа турнеја.
Поврзани објави
„Сите нејзини песни ми се омилени, можеби можам да ја издвојам песната „Sve po starom“. Бев најгорд на неа во Белград, бидејќи таму имаше најмногу луѓе“, рекол гордиот тато.
Недељко на самиот крај од разговорот посвети зборови и на внукот Александар, па призна кој кого повеќе слуша.
„Секако дека ме слуша внукот, но морам да го слушам и јас него“, заврши Недељко низ смеа.
Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: