Зои Кравиц се појави на афтер-забавата на Оскарите во фустан кој раскажува две различни приказни и носи две различни пораки.
Зои Кравиц неодамна раскина со актерот Ченинг Тејтум, кој веќе најде утеха покрај друга убавица, па многумина коментираат дека ова нејзино смело појавување на забавата на Vanity Fair по 97-то доделување на оскарите всушност е одмаздничка порака до нејзиниот поранешен …
Убавата Зои Кравиц се појави во долг црн фустан, кој однапред изгледа многу елегантно, едноставно и ефективно, но кога се сврте, изненади многумина!
Фустанот раскажува сосема поинаква приказна…
Транспарентната ткаенина на задната страна го откриваше нејзиниот задник, а на врв на сето тоа стои голема црна панделка, додека белите монисти на проѕирната ткаенина му даваат дополнителен ефект на овој стајлинг.
Поврзани објави
Зои и претходно сме ја виделе во различни провокативни изгледи, најмногу додека беше со еден од најжешките момци во Холивуд, Ченинг Тејтум.
Многумина се запрашаа дали ова е нејзината порака до бившиот, со кој ја раскина свршувачката пред четири месеци.
Фото: Инстаграм