Почетна ЕкономијаПратеници од власта поднесоа Предлог-закон за издавање вредносни ваучери за студенти

Пратеници од власта поднесоа Предлог-закон за издавање вредносни ваучери за студенти

од nenad
1 минути читај за

Пратениците од владејачкото мнозинство денес доставија Предлог-закон за доделување на ваучери за студенти.

Ова беше објавено на денешната прес-конференција од страна на Сергеј Попов, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Тој извести дека секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или приватен универзитет, на возраст до 29 години, ќе има можност да добие ваучер во вредност од 250 евра или 15.300 денари за набавка на техничка опрема.

“Станува збор за предлог закон со кој се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп – пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата.”

“Оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни решенија, а не на празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања,” рече тој.

Попов подвлече дека финансиските средства потребни за оваа цел се веќе обезбедени и се дел од државниот буџет, а институциите се подготвени да помогнат во, како што вели, брзата, транспарентна и ефикасна имплементација на оваа мерка.

“Нашата цел е искрена и јасна, а не само декларативна: со дела и проекти, покажуваме дека секој студент мора да има еднаква шанса за пристап до модерно образование. Да учи, да твори, да напредува – за доброто на Македонија и идните генерации. Како уште една од низата мерки за младите, со гордост можам да ви ветам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави работи, мерки и проекти кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина. Иднина, која ќе ја предводиме ние како млади луѓе – иднина за нас, но и за генерациите кои доаѓаат по нас,” рече пратеникот Попов.

фф/вг/Фото: ВМРО-ДПМНЕ .

Извор: МИА