Почетна Убавина и здравјеПрасе кое трчаше низ Холивуд сега има необичен сопственик (ВИДЕО)

Прасе кое трчаше низ Холивуд сега има необичен сопственик (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Прасето Вилбур стана интернет-сензација откако беше забележано како трча по улиците на Вест Холивуд. Неговата приказна доби среќен пресврт откако познатата авторка на песни Дајан Ворен решила да го посвои.

Ворен го презела Вилбур од засолниште за животни, откако приказната за малото прасе станала вирална. Таа веднаш се заинтересирала за него и, според нејзината фондација, побарала да биде спасено и згрижено.

Ворен првпат го видела Вилбур во прилог на телевизијата ABC 7 и веднаш се воодушевила од него.

Боже, колку си сладок“, му рекла додека стоел во кафезот.

Потоа следувало и прашањето што се случило со него и зошто воопшто трчал низ Холивуд.

@abc7ny

A runaway pig was seen scampering through the streets of West Hollywood on Saturday, August 15. According to reports, the pig, nicknamed “Wilbur,” was eventually captured and taken to West LA Animal Shelter.

♬ original sound – ABC7NY


Поврзани објави

Нејзината порака до извршната директорка на фондацијата била едноставна:

Земи го прасето. Спаси го прасето.“

По бројните понуди за вдомување, победничката понуда во име на Ворен била доставена на затворена аукција.

Од улиците на Холивуд до три хектари

Вилбур сега ќе живее во засолниште за животни во Малибу, на имот од речиси три хектари. Можно е подоцна да добие и ново име, бидејќи Ворен веќе има домашно милениче кое се вика Вилбур.

Ова не е првпат познатата авторка да спасува животно. Во 2021 година помогнала и крава која избегала од кланица во Јужна Калифорнија да добие нов дом во засолниште.

Screenshot: TikTok