Почетна ТехнологијаПо почетната популарност, конкурентот на Twitter од Meta има голем пад на бројот на активни корисници

По почетната популарност, конкурентот на Twitter од Meta има голем пад на бројот на активни корисници

од nenad
1 минути читај за
Фото: Shutterstock.com

По почетните информации дека на новата апликација од Meta, конкурент на Twitter наречена Threads, одлично и оди и за помалку од недела дена ја има надминато бројката од 100 милиони корисници, сега доаѓаат нешто пореални и очекувани статистики.

Бројот на корисници кои активно ја користат Threads во текот на денот е намален на околу половина, што значи дека скоро нема кој не направи своја сметка, но откако ја проба апликацијата, истата веќе и не ја вклучува.

Ова може да се каже дека е очекувано поради неколку причини. Едната е фактот што од Meta го искористија Instagram и популарноста на оваа мрежа и ги поврза сметките со Threads. Корисниците многу полесно ќе се одлучат да пробаат нова апликација ако нејзиниот бенд е поврзан со брендот на апликација како Instagram, а уште повеќе доколку нема потреба од креирање на нова сметка, туку само активирање на апликацијата со постојната Instagram сметка.

На ова треба да се додаде и фактот дека Threads се’ уште ги нема повеќето од потребните функции, па ќе треба да се почека некој месец за да апликацијата биде доведена на ниво на Twitter.

Се поставува и прашањето, дали се потребни толку нови конкуренти на Twitter само зошто таа мрежа ја купи Елон Маск или се работи само за непотребно критикување на истата поради тоа што сега истата е целосно отворена и веќе на неа не може одредена група на луѓе да одлучува што смета дека треба или не треба да се објавува.