Table of Contents
Искуството на ендокринолог кој јадел 28 јајца неделно изненадило многумина
И покрај бројните научни истражувања и предупредувања на докторите дека јајцата не влијаат негативно врз здравјето на срцето, митот за тоа дека консумацијата на јајца автоматски го покачува нивото на холестерол и понатаму е присутен меѓу широката популација. Меѓутоа, еден експерт одлучил самиот да го побие ова врежано верување.
Ендокринологот доктор Дип Дута го споделил своето лично искуство на социјалната мрежа Х: во период од повеќе од 18 месеци, секојдневно консумирал по четири јајца дневно, што во просек е 28 јајца неделно.
Резултатот? Нема ни трага од покачен холестерол.
„Сите мои резултати на липидниот профил се во границите на нормалата. Ниту имам покачен холестерол, ниту покачени триглицериди“, нагласил доктор Дута во својата објава.
Јајцата и високиот холестерол – факти и митови
Иако јајцата содржат холестерол (околу 186 мг во една жолчка), неговата консумација преку храната има мало влијание врз нивото во крвта. Кога јадеме повеќе храна која содржи холестерол, црниот дроб едноставно помалку го произведува. Тоа е механизам на саморегулација на телото.
Поврзани објави
Научните истражувања истакнуваат дека 70 отсто од популацијата не чувствуваат негативно влијание од јајцата врз нивото на холестерол. Преостанатите 30 отсто од луѓето можат да доживеат благ пораст, но тоа нема да биде штетно по здравјето на срцето.
Покрај тоа, јајцата можат да го покачат нивото на ХДЛ холестеролот. Таков бил случајот со доктор Дип Дута. Ендокринологот не само што се пофалил со покачено ниво на ХДЛ холестерол, туку и со намалување на тежината од 12 кг. Последните девет месеци, покрај тоа што јадел повеќе јајца, ендокринологот се фокусирал на тоа да јаде најмногу салати и да трча најмалку 3-5 километри дневно.
Колку јајца можете да изедете дневно?
Многу специјалисти по општа медицина и диететика тврдат дека консумирањето 1-3 јајца дневно е безбедно за здравјето. Има и луѓе кои консумираат шест јајца дневно без никакви здравствени проблеми. Овој аспект првенствено се однесува на спортистите. Клучно е јајцата да се комбинираат добро балансирана исхрана, богата со зеленчук, цели житарки и здрави масти.
Вистинскиот непријател не се јајцата
Јајцата не се вистинскиот виновник за високиот холестерол, туку преработената храна. Па така, ако сте загрижени за неговото покачено ниво, треба внимателно да разгледате дали вашето дневно мени вклучува многу пржена храна и рафиниран шеќер. Ако одговорот е да, тогаш тоа се првите производи што треба да ги исфрлите од исхраната, а не јајцата.