Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од утре следува период на стабилно, но посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен ветер.
