Почетна МакедонијаПо договорот за примирје во Газа убиени 27 деца и 31 жена

По договорот за примирје во Газа убиени 27 деца и 31 жена

од nenad
1 минути читај за




Во израелските воздушни напади по објавувањето на договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас убиени се 101 Палестинец, според официјалниот извештај објавен денес, јавува агенцијата Анадолија. Според Махмуд Басал, портпарол на службата за цивилна одбрана на Газа, во последните напади се убиени 31 жена и 27 деца. Басал потврди дека 82 лица биле убиени во северните делови на Газа, а 16 во јужните региони, односно 14 во Кан Јунис и две во Рафа. Петмина биле убиени во централниот дел на Газа. Повредени се над 264 лица, а се очекува бројот да се зголемува со продолжувањето на нападите.

Во средата Катар објави договор за прекин на огнот за ставање крај на смртоносните израелски напади врз Појасот Газа што траат повеќе од 15 месеци. Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера го потврди договорот за прекин на огнот што треба да стапи на сила во недела. Тој ја претстави првата фаза, која ќе трае 42 дена и опфаќа ослободување на 33 израелски затвореници во замена за голем број палестински затвореници.