Во Скопје денеска ќе се одржи најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“.
Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година со планот за пошумување предвидено е пошумување во 19 региони со засадување на 1. 200. 000 садници.
Акцијата ја спроведува МЗШВ заедно со ЈП „Национални шуми“ во соработка со општествено одговорни компании и граѓански здруженија.
На најавната прес-конференција свои излагања ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на Факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски, како и пртставници на партнерските општествено одговорни комапнии и граѓански организации.
фф/ев/Фото: МЗШВ .
Извор: МИА