Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, оцени дека косовскиот премиер Албин Курти лично го уништил секое разбирање за неговата позиција во САД.Во објава на социјалната мрежа „Х“, Селими посочува дека Курти престанал да се координира со САД и престанал да лобира, да се залага и да ги слуша советите на Вашингтон.
Тој додава дека има се помалку трпение за позицијата на Курти во светот и дека неговата позиција во моментов е блиску до нула.
„Но, проблемот со мала земја во лошо соседство како Косово е што или имате голем сојузник кој ќе ве заштити 100 проценти или сте супер пријателски расположени со сите соседи. Курти лично го уништи секое разбирање за неговата позиција во САД. А комшиите? Добро…“, напиша Селими.
.


