Лук Еванс никогаш не ја криел склоноста кон истиот пол, а сега гордо ја покажува љубовта на својот живот
Актерот Лук Еванс е познат по своите врски со згодни мажи. Моментално е во стабилен однос со менаџерот на градежни проекти, Фран Томас, а својата врска ја потврдиле кога се појавиле заедно на една свеченост во декември 2022 година.
Актерот претходно зборувал за тоа зошто претпочита да си ја чува својата приватност:
„Мојата кариера е јавна. Мојот приватен живот е единственото нешто што остана само мое“, изјавил тој.
Во август годинава, Еванс во едно интервју воодушевено зборувал за својот нов избраник:
„Тој е прекрасно човечко суштество. Тој е дефинитивно најдобриот дел од мене. Буквално ме прави подобра личност. А притоа мора да се справува со моите глупости, не можам ни да замислам како му е.“
Кога обврските им дозволуваат, со оглед на тоа што Томас сè уште живее во Мадрид, се обидуваат да патуваат и да поминуваат време заедно. Биле во Токио, Франција и Тајланд, уживале на плажите во Мајами, скијале на Алпите и отишле на сафари во Намибија.
Поврзани објави
Му посветил песна на партнерот
Еванс во 2022 година го објавил албумот A Song For You, кој ја содржи песната Horizons Blue – романтична балада посветена на актуелниот партнер.
„Љубовта е многу моќна работа. Кога ќе ја сретнете таа личност или ќе го доживеете тој момент со некого, нешто потполно ве обзема. И го обожавам тоа чувство“, рекол Еванс за емотивните стихови на песната инспирирана од неговата нова љубов.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @frantomasr