Грција е во шок по смртта на 29-годишниот навивач на АЕК кој го изгуби животот во навивачка пресметка на улиците во Атина.
Граѓаните се бесни на полицијата која ги имала сите информации од хрватската и црногорската полиција, па дури и регистерските таблички на возилата со кои навивачите влегле на грчка територија.
Приведените хрватски навивачи се однесени на ДНК тестирање, убиецот има оставено отпечатоци на убиенот навивач. Во текот на вчерашниот ден приведени се уште 7 навивачи на границата со Македонија и еден на границата со Албанија.
Според последните информации полицијата ги има отпечатоците на убиецот, и наводно се рабори за грчки државјанин, пишува Дневник.хр.
Инаку полицијата приведе 98 лица, најголем дел Хрвати меѓутоа меѓу нив и грчки државјани, односно навивачи на Панатинаикос со кои навивачите на Динамо се во пријателски односи.
Пред само еден месец седум навивачи на ПАОК се осудени на доживотен затвор поради убиство на навивач на АРИС пред три години.
.