Почетна Убавина и здравјеПознатата пејачка е исмејувана поради ОВА ВИДЕО, жените ја бранат, а потоа се огласи и таа (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Познатата пејачка е исмејувана поради ОВА ВИДЕО, жените ја бранат, а потоа се огласи и таа (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Пееше на погребот на нејзиниот музички идол, познатата пејачка Ета Џејмс, кога ѝ се случи непредвидена ситуација која предизвика бројни коментари.

Во 2012 година, Кристина Агилера изведе песна во чест на Ета Џејмс, а камерата за време на настапот сними одредена течност на нејзината нога. Таа снимка деновиве на големо се коментира.

Тоа е менструална крв“, „Имаше циклус во живо“, се коментираше, а некои ја нарекоа снимката „менструален циклус во живо“, како да не е сосема природна појава, под услов воопшто да е менструација.

Очекувано и за жал, некои ја исмејуваа, многу жени ја бранеа затоа што сепак на многумина може да им се случи ненадеен циклус или слични ситуации.

Кристина Агилера на крајот се огласи и соопшти дека се работи за спреј за самопотемнување, кој почнал да се „топи“ поради потта, пишува ew.com.


Поврзани објави

Дали менструацијата треба да крене толкав прав во јавноста и да предизвика олкави реакции на социјалните мрежи? Зошто и понатаму останува да биде табу-тема на која дури и жените не сакаат да зборуваат со својот партнер? Токму за ова ќе дискутираме во петок, на 22 ноември, во рамките на регионалната женска конференција Профемина 2024, која ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“, со почеток од 10 ч.

„Менструација: физичко, психолошко и социјално патување“ е панел-дискусијата што ќе се води меѓу Јована Стојменовиќ, уредничка на Убавина&здравје, Кристина Дуранска, менаџерка за маркетинг и комуникации во „dm дрогерие маркт”, м-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт основач на НЕОКОРТЕКС, примариус д-р Искра Кртсевска Дукова, спец. гинеколог акушер УКГА и Миљана Ристиќ, атлетичарка.

Да ги срушиме табуата зборувајќи отворено за она што досега се шепотеше и се смета за несоодветно за разговор. Затоа, дојдете на Профемина 2024, слушнете ги советите од стручњаците, поставете прашања, а со самото присуство учествувате во нашата богата лотарија и најсреќните ќе си заминат со вредни подароци.

Пријавете го вашето присуство на Профемина 2024 со испраќање на мејл за регистрација на [email protected]

Целта на Профемина 2024 е да допре до секоја жена, поради тоа, не се наплатуваат котизации.

Панел-дискусијата „Менструација: физичко, психолошко и социјално патување“ е под покровителство на dm drogerie markt, компанијата која изминатиов период спроведе и спроведува повеќе општествено одговорни проекти кои се однесуваат на теми поврзани со женското здравје како и голема донација за намалување на менструалната сиромаштија во Македонија.

Фото: popculturediedin2009