Почетна ЕкономијаПожар кај „Хитроу“: Полицијата вели дека не е предизвикан намерно

Пожар кај „Хитроу“: Полицијата вели дека не е предизвикан намерно

од nenad
1 минути читај за

Полицијата во Лондон изјави дека пожарот во електричната трафостаница, заради кој аеродромот „Хитроу“ беше затворен 18 часа минатата седмица, повеќе не се смета за можна криминална активност. Истрагата не открила докази кои би укажале на тоа дека настанот е сомнителен.

Најфреквентниот аеродром во Европа беше блокиран во петокот наутро, откако оган во блиската електрична станица го прекина дотурот на електрична енергија.

Ова предизвика застој на повеќе од 200.000 патници, финансиски загуби од милионски размери за авиокомпаниите и расправа за издржливоста на британската инфраструктура.

Во почетокот, полициската истрага беше насочена преку антитерористичката единица поради стратешката важност на инцидентот.

Меѓутоа, денес надлежните објавија дека веќе не го разгледуваат пожарот како кривично дело, тврдејќи дека досегашната проверка не пронашла индиции за намерен чин. ссм/фото: ЕПА архива.

Извор: МИА