Шенѓин и понатаму е зафатен од пламен. Состојбата отежната од пожарите ги принуди семејствата да ги напуштат своите домови кои се загрозени од ширењето на пламените јазици. Според сликите кои новинарката Луси Перџиги ги испрати до редакцијата на РТШ, се гледаат родители кои ги зеле децата и ги оставиле домовите по интензитетот на пламените јазици кои продолжуваат да се шират.
Од друга страна, Министерството за одбрана соопшти дека состојбата со пожарите во Шенѓин и понатаму е проблематична. Притоа објаснувајќи дека продолжува континуираната работа на оперативните сили на терен, под координација на Агенцијата за цивилна одбрана.
Според Министерството за одбрана, покрај противпожарните сили на локалната самоуправа, во гаснењето на пламените јазици бил ангажиран и хеликоптерот „Кугар“.
Сепак, Министерството за одбрана посочува дека како последица на силниот ветер пожарот се проширил, загрозувајќи ги станбените населби и деловните субјекти во околината.
„Навремено се преземени мерки за нивна евакуација, со што се овозможи избегнување на опасноста. Вчера цела ноќ дејствуваа 20 противпожарни возила со 60 противпожарни сили. Денеска освен хеликоптерот „Кугар“ работат 40 противпожарни возила и 150 оперативни сили.
По барањето до Европскиот механизам за цивилна одбрана, многу брзо се очекува да пристигнат два авиони Canadair за воздушна интервенција. Состојбата и понатаму останува проблематична и покрај сета посветеност на национално ниво“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Post Views:
116
Извор : vesnik-ilinden.com
Пожар во Шенѓин се шири во близина на хотели и апартмани, жителите и туристите евакуирани (ВИДЕО)