Трагичниот настан во елитното швајцарско ски-одморалиште Кран-Монтана ја потресе јавноста за време на новогодишната прослава.
Првичните информации упатуваа на експлозија во барот „Le Constellation“, но најновите официјални податоци потврдуваат дека причината за трагедијата бил пожар, а не експлозија, како што првично се претпоставуваше.
Според соопштението на полицијата, во инцидентот загинале десетици лица, а околу 100 луѓе се повредени. Надлежните појаснија дека експлозиите што ги слушнале очевидците биле последица на пожарот, а не негова директна причина.
BREAKING:
Many killed and wounded in an explosion at a bar in the Swiss ski resort town of Crans-Montana pic.twitter.com/kkGaaPRcRR
— Visegrád 24 (@visegrad24) January 1, 2026
Членот на Швајцарскиот државен совет, Стефан Ганзер, изјави дека трагедијата не е резултат на експлозивна направа, туку на пожар што се развил и се проширил со голема брзина во внатрешноста на локалот.
Според првичните наоди од истрагата, огнот предизвикал сериозна материјална штета и голем број човечки жртви. Полицијата соопшти дека може со сигурност да се исклучи можноста за терористички напад, што е важен елемент во понатамошната истрага.
Првите извештаи од локалните медиуми наведуваа дека најмалку 10 лица го загубиле животот, но надлежните институции предупредија дека бројот на жртви може да биде значително поголем, со оглед на тежината на повредите кај дел од настраданите.
Командантот на кантоналната полиција на Вале, Фредерик Жислер, изјави дека околу 100 лица биле повредени по пожарот што избувна во барот „Констелацион“ во Швајцарија, од кои поголемиот дел се здобиле со тешки повреди, пренесува „Скај њуз“.
Поврзани објави
Update-
Several people have been killed and others injured when an #explosion ripped through a bar in the luxury Alpine ski resort town of Crans #Montana, Swiss police say.
It is being said that the #fire broke out during the New Year’s #fireworks.#Switzerland #Breaking pic.twitter.com/Iq6LEbrir8
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) January 1, 2026
Тој наведе дека неколку десетици лица го загубиле животот, но не изнесе прецизни бројки.
Жислер посочи дека чадот првпат бил забележан околу 1:30 часот по локално време, по што веднаш биле повикани службите за итна помош и противпожарната служба.
Швајцарските власти соопштија дека инцидентот се третира како пожар, а не како терористички напад, како и дека меѓу жртвите има и странски државјани.
Претходните извештаи на швајцарскиот весник „Блик“ сугерираат дека пожарот можеби бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства за време на концертот.
Лекар од швајцарската служба за итна медицинска помош и спасување изјави за швајцарската национална телевизија РТС дека болниците во тоа луксузно скијалиште, во регионот Вале, се преоптоварени со повредени лица со изгореници. Швајцарските медиуми пренесоа дека во моментот на инцидентот во барот се наоѓале повеќе од 100 лица.
Истрагата за точните околности и причините за пожарот продолжува. Надлежните служби работат на утврдување на сите детали, како и на тоа дали во објектот биле почитувани пропишаните безбедносни стандарди.
Видео: Х