70

Во атарот на Општина Пробиштип исто така на терен се и пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип и доброволци, кои пред неколку часа со контрапожар не дозволија огнот да влезе во селото Трипатанци.Во гаснењето на овој пожар од утринава се вклучени и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два полициски хеликоптера. Станува збор за голема опожарена површина, во која горат сува трева, нискостеблести растенија, но и шума.