Table of Contents
Будете се што порано, прошетајте додека сте на работа, ручајте умерено и поминувајте време во природа за да му обезбедите доволно кислород на мозокот
Правилата за среќен и здрав живот се вртат околу балансираната исхрана и физичката активност, но тоа не е сè! Светски признатиот неврохирург Александер Влад Чирја, вели дека тешко ќе ја остварите оваа цел без да ги следите следниве 10 правила…
1. Поздрави се оние што стануваат рано
Будете се што порано, ако можете и со првите петли. Девет часот е крајната граница за будење, бидејќи во спротивно, цел ден ќе зевате и ќе бидете уморни.
2. Свежиот воздух гарантира здрав мозок
Поминувајте што повеќе време на свеж воздух и почесто проветрувајте ги просториите во кои престојувате. Мозокот мора да добива доволно кислород!
3. Движењето значи живот
Искористете ја паузата на работа за прошетка, дури и за лесни вежби. Целото тело, особено грбот, ќе ви биде благодарно, а вие ќе се чувствувате многу подобро.
4. Добриот ден започнува со утринско туширање
Разбудете се, освежете се, покренете си го духот и изборете се со депресијата!
5. Појадокот е време за комплетен одмор
Првиот оброк треба да го јадете во тишина, без весници, телевизија и мобилен телефон. Фокусирајте се само на храната и ќе си го подобрите варењето.
Поврзани објави
6. Здравје во филџан
Пијте го полека чајот или кафето, никако набрзина. Исто како и со појадокот, испијте шолја од омилената топла напивка без никакви попречувања од страна.
7. Смејте се
Што почесто, тоа подобро! Лесно можете да го излажете мозокот – насмевнете се, тоа ќе му биде сигнал дека сè е во ред дури и ако не е, и така ќе го намалите нивото на хормонот за стрес во телото!
8. Ручекот мора да биде лесен
Поделете го ручекот со пријател, како што вели старата изрека. Подобро е и да останете малку гладни отколку да се прејадете. Не терајте го телото да врши непотребна работа.
9. Вечерата нека ви биде многу полесна од ручекот
Повторно ќе цитираме стара изрека: вечерата дајте му ја на непријателот. Вечерните оброци треба да бидат што е можно полесни, не би требало да внесувате храна која е тешка за варење, како месо и масна храна. Дозволете му на телото да одмори, ноќта е предвидена за тоа. Исто така, не би требало да пиете алкохол навечер, бидејќи ќе ви го уништи сонот.
10. Спиењето е најважно
Во модерното општество, многу луѓе спијат малку за да имаат што повеќе време за извршување различни активности. Но ова е потполно погрешен пристап, бидејќи спиењето е еднакво важно како и храната и воздухот. Мора да си легнете најдоцна до полноќ, предупредува доктор Чирја.
ФОТО: LyfeFuel / Unsplash