Почетна ЕкономијаПовластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари 2026 година

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари 2026 година

од nenad
1 минути читај за

27/12/2025 11:55
ФИНАНСИИ


Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари 2026 година. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, кои беа усвоени во Собранието, информираат од Министерството за финансии.

Со законските измени, рокот за примена на повластената стапка од 5 проценти за првиот промет на станбени згради и станови, во делот во кој се користат за станбени цели и доколку прометот се изврши во рок од пет години по нивната изградба, се продолжува до 31 декември 2028 година.

Според досегашните законски одредби, повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови беше предвидено да важи до 31 декември 2025 година.