Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13,5 отсто од Словенија, 26 отсто од Македонија и 34 отсто од Црна Гора. Во документов се наведува дека одбиени се 18 % од барањата за виза од Косово за САД.
Има и земји со 0 проценти на списокот, односно оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или пак воопшто не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.
Аргентина – 3,66 отсто, Австрија – 7 отсто, Барбадос – 6,5 отсто, Брунеи – 5,4 отсто, Швајцарија – 3 отсто, Папуа Нова Гвинеја 5 отсто, Гватемала 5,45 отсто, Исланд 3, 24 отсто, Израел 2,2 отсто, Тајван 5 отсто.
Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.
Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66 отсто, Авганистан 52 отсто, Бурунди 69 отсто, Канада 58 отсто, Чад 69 отсто, Куба 56 отсто, Џибути 74 отсто, Науру 66 отсто, Гвинеја Бисао 61 отсто, Иран 54 отсто, Руанда 62 отсто, Јемен 56 отсто.
