Јас лично, со уште шестмина мои блиски пријатели, педа по педа го пребаравме цел Лепенец од Волково до излезот од Орман, исто така безуспешно. Лично, со мојот автомобил го крстосав цело Скопје одејќи од таксист до таксист, прашувајќи дали некој го видел или возел.
Кај мостот ,,Обединети Нации” каде што вообичаено ловел риба, многумина како лик го препознаваат, но тврдат дека ни на денот кога исчезнал, ниту неколку дена претходно никој не го забележал – раскажува Сузана.Никола е само уште едно од многуте лица кои периодов исчезнаа во земјата. Пред три дена исчезна повозрасна жена од Скопје, со здравствени проблеми. Од Македонски Брод, исто така пред неколку дена исчезна млад маж. Пред неколку недели и од Неготино исчезна 79-годишно лице.,,Фокус” во неколку наврати пишуваше и за 29-годишен скопјанец, кој мистериозно исчезна пред три месеци, а последен пат бил виден во хотел во Скопје. Од Куманово пак, кон крајот на август исчезнаа мајка (32) и нејзината ќерка (7).Иако сите овие случаи се пријавени во полиција од семејствата на исчезнатите, нивните фотографии и податоци не се објавени на страницата на МВР за исчезнати лица.Очајните семејства во потрага по одговори ја замолуваат јавноста, доколку некој има било каква информација, да се јави во полиција.