Пратеникот Димитар Ковачки во ноември минатата година ја обвини министерката за одбрана Славјанка Петровска дека криела луксузен имот, односно дека во својот анкетен лист до Антикорупциската комисија пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, ама не и луксузен имот во Радишани.
„Вистината е дека Славјанка Петровска поседува огромна хациенда со базен во Радишани. Целиот имот е ограден со голема двометарска ограда. Овој имот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улица Радишанска“, рече тогаш Ковачки објавувајќи фотографии од имотот.Пред да ја поднесе тужбата, Петровска ги демантираше обвинувањата и побара извинување од Ковачки кое не го доби.Следното рочиште ќе се одржи на 12 септември годинава.