Почетна Убавина и здравјеПилешко со зеленчук приготвено на здрав начин! – Убавина и здравје

Пилешко со зеленчук приготвено на здрав начин! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за


Ако барате едноставен оброк кој ги задоволува сите нутритивни потреби на едно семејство, печено пилешко со зеленчук во рерна е одлична идеја. Овој рецепт со пилешко е добар извор на протеини, како и разновиден зеленчук кој обезбедува витамини, минерали и влакна, па навистина може да се смета за здрав оброк. Еве како да го подготвите.

Состојки:


Поврзани објави

  • 1 кг батак и карабатак
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажица гранулиран лук
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажица мед
  • 4 компири
  • 2 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 100 гр чери домати
  • 1 главица лук
  • Сол, бибер, оригано по вкус

Подготовка:

  • Измешајте мед, сенф и зачини во сад. Пилешкото добро посолете го, па ставете го во подготвената смеса од мед и сенф барем еден час.
  • Зеленчукот исчистете го, исечете го на поголеми парчиња и потоа сварете го додека не омекне. Исцедете.
  • Тавата подмачкајте ја со масло и наредете го сварениот зеленчук. Преку него наредете го исечканиот кромид. Посолете и уште малку масло и сè убаво измешајте. Ставете го месото над зеленчукот и прелијте со преостанатата маринада.
  • Околу зеленчукот ставете неизлупени чешниња лук и парчиња путер.
  • Се пече во рерна загреана на 180 степени.
  • При крај додадете ги чери доматите и печете го пилешкото уште 5-10 минути.