Table of Contents
Музичката јавност е потресена од веста за смртта на младата пејачка Ифунања Нвангене, која почина на 26-годишна возраст откако во сон била касната од отровна змија, потврдија членовите на нејзиниот хор и членови на семејството. Веста за нејзината трагична смрт брзо се прошири низ светот.
Талентираната сопранска пејачка стана позната на пошироката јавност со учеството во третата сезона на музичкиот натпревар „The Voice Nigeria“, каде што привлече големо внимание со изведбата на песната „Take a Bow“. Иако по професија била архитектка, музиката ѝ била најголемата животна страст.
Каснувањето од змија ја разбудило пејачката
Според изјавите на членовите на хорот Amemuso, Ифунања спиела во својот дом во Абуџа кога била касната од змија. Еден од членовите на хорот изјавил дека болката од каснувањето ја разбудила, а подоцна во куќата биле пронајдени две змии.
Таа најпрво побарала медицинска помош во локална здравствена установа, но таму немало соодветен противотров, по што била пренесена во Федералниот медицински центар во Џаби, каде што лекарите се обиделе да ја стабилизираат нејзината состојба.
Поврзани објави
Болницата ги демантира наводите
Музичкиот директор на хорот Sem Ezogvu изјавил дека болницата наводно немала два клучни противотрова, поради што состојбата на пејачката била критична. Од медицинската установа, сепак, ги демантирале овие тврдења, нагласувајќи дека медицинскиот персонал ги презел сите неопходни мерки — реанимација, примена на кислород и давање поливалентен противотров — но дека, и покрај напорите, настапиле фатални компликации.
Семејството и пријателите се простуваат
Семејството, колегите и пријателите ја опишаа Ифунања како скромна, исклучително интелигентна и талентирана млада жена, која била на прагот на значајна музичка кариера. На својот јутјуб-канал редовно објавувала преработки на светски хитови и активно комуницирала со својата публика.
Нејзината ненадејна смрт ги остави семејството, колегите и обожавателите во длабок шок. Многумина ѝ оддаваат почит преку пораки на социјалните мрежи, истакнувајќи дека светот изгубил глас кој допрва требало да заблеска.
Фото: Инстаграм