Почетна Убавина и здравјеПејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година – Убавина и здравје

Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Хрватската пејачка Северина сподели фотографија направена во 2022 година која досега не била објавена, а сега ја искористи како симболична најава за претстојното доделување на наградите „Златно студио“.

На фотографијата, Северина е облечена „од глава до пети“ во злато – носи впечатлив метален корсет кој ја следи линијата на телото и е врзан со златни врвки од страните, додека целокупниот изглед го заокружила со елегантна наметка што слободно паѓа по телото.

 

Поврзани објави

„Фотографија од 2022 година која никогаш не беше објавена, но во 2026 совршено се вклопува како најава за утрешниот ‘Златно студио’“, напиша пејачката покрај објавата.

„Златно студио“ е една од најзначајните медиумски награди во Хрватска, која се доделува од 2018 година. Признанијата се доделуваат во пет главни категории – филм, телевизија, театар, музика и радио – со повеќе поткатегории.

Северина оваа година е номинирана во категоријата за најдобра пејачка. Таа веќе ја има освоено наградата „Златно студио“ во 2024 година, кога беше прогласена за најдобра изведувачка на годината. На тогашната церемонија пристигна во придружба на нејзината мајка Ана, на која ѝ ја посвети наградата.

Пејачката претходно беше добитничка и на „Златно студио“ за концерт на годината, за турнејата „Magic Tour“.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DSh7cMpiBv2/?img_index=1