На 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор кој содржи повеќе елементи, но секако најважниот е промената на името на Република Македонија.
Дел од аналитирачите и политичарите го сметаат за историски, но и модел за мирно решавање на споровите, го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.
Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот, на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила, со што официјално се промени уставното име на државата.
Претходно Грција со години ја блокираше Македонија на патот кон Европската Унија токму поради спорот за името.
.


