Почетна БалканПетровски за економско-политичкото подземје на Мицкоски: Милијардерите сакаат да постават послушник за да си ги заштитат парите и да си обезбедат имунитет

Петровски за економско-политичкото подземје на Мицкоски: Милијардерите сакаат да постават послушник за да си ги заштитат парите и да си обезбедат имунитет

од nenad
1 минути читај за
t

Инфомакс вчера објави ексклузивни информации за политичко-економското подземје, кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети го споменуваше во неколку наврати, а се однесува на “дружина” која планира политички и економски да ја парализира државата со цел да го донесат “нивното дете” Мицкоски на власт.

Информациите на Инфомакс ги коментира нашиот ко-водител Филип Петровски, кој на Фејсбук напиша:

-Олигархијата која во матната транзиција го приватизираше и присвои без пари општествениот капитал, преку Анџушев (вицепремиерот на Заев) се здружиле во тајност за да го промовираат Мицко. Запрашајте се сами кои се врските, очекувањата и ветувањата.

Еве да помогнам: амнестија и амнезија за криминалната транзиција, корупција, темен вилает на политички тргувано влијание и индулгенција за сите трансакции…

Во суштина МИЛИЈАРДЕРИТЕ сакаат да постават ПОСЛУШНИК за да си ги заштитат парите и да си обезбедат имунитет во релациите со државата.

Нешто слично како што делуваат РОКФЕЛЕРИТЕ во САД. Недопирливи за системот.

Ова, може да заклучиме, со сигурност од партиите прави АКТИВИСТИ на големиот капитал, параван за се што е потребно, каде што обичниот човек станува само небитна бројка. – напиша Петровски.

Во продолжение текстот на Инфомакс: