Почетна ПопуларноПетровска: Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите

Петровска: Хибридните напади се со цел да се предизвика паѓање на Владите

од nenad
0 минути читај за

„Хибридните напади имаат за цел да предизвикаат паѓање на владите, најчесто на западно ориентираните“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Според неа, јасно е дека напаѓачот не сака стабилен и мирен Балкан.

„Целта на хибридните војни или кибер напади е практично да се пореметат општественото живеење што се забележува кога има зачестени напади. Кога општеството е задоволно со еден аспект, тоа се надополнува со незадоволство на друга сфера. Целта е да се предизвика паѓање на владите, најчесто на западно ориентираните“, истакна Петровска.