– Очекувам дека ако Русија ја победи Украина, нема да помине долго пред руската армија да ја премине границата, кога нашите мажи и жени во униформи ќе треба да тргнат во битка – рече Пенс во интервју за Ен-би-си Њуз.
Пенс истакна дека може да се работи за преминување на границата на „сојузниците на НАТО – Полска, Естонија, Летонија, Литванија“.Според претседателскиот кандидат, сегашниот скептицизам меѓу Американците во однос на воената поддршка за Украина е „одраз на недовербата во претседателот Џо Бајден како врховен командант“.
– Во наш национален интерес е да ја видиме руската војска истисната од Украина, а не Џо Бајден да зборува за големи демократски цели – рече Пенс, додавајќи дека тоа исто така ќе испрати сигнал до Кина за Тајван или на друго место во азиско-пацифичкиот регион.