Почетна ПопуларноПендаровски се сретна со Гир: Европската агенда зависи од нас

Пендаровски се сретна со Гир: Европската агенда зависи од нас

од nenad
1 минути читај за
t

Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и новиот заменик амбасадор на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.

На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот.

Соговорниците разменија мислења и информации за текот на пристапните преговори и скрининг процесот, како и за следните чекори коишто треба да ги преземе Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, при што претседателот Пендаровски истакна дека европската агенда зависи од нас, како и реализација на обврските кои треба да се исполнат.

.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска