Почетна ПопуларноПендаровски: Немам никаков сомнеж во намерите на премиерот Еди Рама, во Тирана не се креираа антимакедонски сценарија

Пендаровски: Немам никаков сомнеж во намерите на премиерот Еди Рама, во Тирана не се креираа антимакедонски сценарија

од nenad
1 минути читај за

Шефот на државата, Стево Пендаровски не се сомнева во намерите на лидерите на албанските партии од Македонија ниту во намерите на албанскиот премиер Еди Рама и не мисли дека таму се креирале антимакедонски сценарија.

„Да не заборавиме, Албанија е членка на НАТО и е наш пријател. Немам никаков сомнеж во намерите на премиерот Еди Рама, го знам прилично добро и го знаете вие сите. Не мислам дека таму се креираат некои антимакедонски сценарија“, вели шефот на државата во врска со средбата во Тирана на која албанскиот премиер ги покани шефовите на партиите на Албанците во Македонија.

„Има еден аспект дали таму се собрале претставниците на албанските партии за да направат две третини за промена на Уставот. Сите тие месеци наназад се за промена на Уставот. Не гледам лоша позадина од таа средба“, истакна Пендаровски во Клубот на пратеници.

Претседателот смета дека земјата не е во предизборен период и не се размислува за избори.

„Не сме во предизборен период, не размислуваме за избори и врвен политички приоритет е можеби промената на Уставот, но не гледам причина зошто Рама би ги викнал за тоа таму кога е познатиот нивниот став“, додаде тој.

Инспирирано од: infomax.mk