Почетна СветПартиите на Македонците, Власите, Ромите и Египќаните во Албанија со заедничко барање за измена на изборниот законик за гарантирани пратенички места

Партиите на Македонците, Власите, Ромите и Египќаните во Албанија со заедничко барање за измена на изборниот законик за гарантирани пратенички места

од nenad
1 минути читај за

Денеска, во Тирана, партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како и партиите на Власите, Ромите и Египќаните, обединети во заедничкиот стремеж за подобрување на демократијата и заштита на правата на малцинствата, поднесовме барање до групата за дијалог при албанското Собрание, која е надлежна за подготвување на новиот изборен законик. Нашето барање е да се вклучат гаранции за загарантирани места на малцинствата во парламентот во новиот изборен законик. Сметаме дека малцинствата се богатство на една земја и заслужуваат почит и заштита на нивните права.

Истото барање го поднесовме и до меѓународниот фактор во Албанија, бидејќи сметаме дека поддршката на малцинствата е важен дел од изградбата на посилна и поинклузивна заедница. Заедно се бориме за посилна и поинклузивна Албанија!


Post Views:
75

Извор : vesnik-ilinden.com
https://vesnik-ilinden.com/partiite-na-makedonczite-vlasite-romite-i-egipkanite-vo-albanija-so-zaednichko-barane-za-izmena-na-izborniot-zakonik-za-garantirani-pratenichki-mesta/