Становите во Мадрид поскапуваат и помалку луѓе можат да си дозволат да живеат сами, па поради тоа, голем дел од тие што се разведуваат се принудени да живеат заедно. Мадридскиот весник “Ел Паис” известува дека неможноста да се плати наемнината ги принудува многу луѓе да продолжат да живеат со своите поранешни партнери. Адвокатот Алберто Гарсија Себријан вели дека 30% од двојките кои одлучуваат да се разведат, не го завршуваат разводот, бидејќи не можат да си дозволат трошоците за одвоен живот, а претходно тоа било случај со само 10% од тие лица. Тоа е една од причините зошто во третиот квартал од 2022 година имало за 3,1% помалку барања за развод отколку во истиот период од 2021 година, известува весникот.
Парови се разведуваат но продолжуваат да живеат заедно бидејќи киријата е скапа
84